Правила на однесување за време на роденденот

  • Присуство на еден од родителите во текот на Хабиленд роденденската прослава е задолжителен. Се додека и последното дете од роденденската прослава не го напушти просторот на Хабиленд, присуството на лицето кое го организира роденденот е задолжителнo.
  • Целата храна и пијалоците за роденденската прослава, како и приборот за јадење и чаши ги обезбедува Хабиленд.
  • Погодете што!?! Имаме доволно простор во делот за роденденски прослави, како и во делот за кафе-барот така што Ве молиме – не внесувајте храна и пијалоци во просторот покриен со ќилим.
  • Не е дозволено внесување на храна и пијалоци од надвор.
  • Сите производи кои ви ги нудиме се од докажани добавувачи и со врвен квалитет на состојките. Родители, ако Вашето дете или другарчето на Вашето дете има алергиски реакции на храна, Ве молиме добро прочитајте ја декларацијата на производите
  • Деца запомнете – играјте си безбедно!!! Спуштање низ тобоганот со нозете напред е поинтересно отколку обратно, а трчањето по тобоганот е многу опасно и затоа е забрането.
  • Грижете се за безбедноста на Вашите деца бидејќи во Хабиленд не е дозволена груба игра.
  • Чорапите се задолжителни во просторот за играње како за децата така и за родителите.
  • Ве молиме да не внесувате играчки во кафезот.
  • Извадете ги од устата на децата мастиките за џвакање.
  • Хабиленд, семејниот забавен центар, не е одговорен за сигурноста на Вашите деца или евентуални повреди до кои може да се дојде при несигурна и неправилна употреба на опремата како и за повреди кои може да си ги нанаесат самите деца. Користењето на различните делови на семејниот забавен центар е на сопствена одговорност. Сигурноста на семејниот забавен центар е проверена и сертфицирана. За сигурноста гаранатира и производителот на играчките. Сите справи редовно ги проверуваме и одржуваме со цел континуирано да ги задоволуваме највисоките безбедносни стандарди.
  • Хабиленд не е одговерен за губење на предметите, меѓутоа на рецепција можете да го најдете малиот оддел за “загубено-најдено“.
  • Деца и возрасни, не грижете се, ако ги заборавите чорапите можете да купите на рецепција.
  • Персоналот на Хабиленд е особено горд на тоа што овозможува просторот да биде секогаш чист, дезинфициран и ароматизиран. На огласната табла покрај рецепција можете да се информирате за датумите на чистење, компаниите со кои соработуваме и средствата кои се користат се со цел да овозможиме што посигурен просторот за играње. Исто така, Ве молиме да ни кажете ако истурите храна или пијалок.
  • Хабиленд го задржува правото да го замоли секој кој не се придржува на правилата на однесување да го напушти центарот.
  • Ве молиме постета на Хабиленд да не биде организирана кога Вие или вашето дете сте болни. Дојдете кога ќе бидете целосно оздравени затоа што така на сите ќе им биде поудобно.
  • И на крајот – важно ни е Вашето мислење! Затоа запишете го во Книгата на впечатоци и мислења или која се наоѓа на рецепција или пишете ни на нашата e-mail адреса: habylandmk@yahoo.com
Haby
Најава
Корисничко име
Лозинка

Регистрирај се














Žirafa