Правила на однесување

  • Семејниот забавен центар Хабиленд е мноооогу забавно место. Родители уживајте, меѓутоа надгледувајте ги вашите деца во сите делови на игротеката!
  • Родители, додека вашето дете си игра, вашето присуство во Хабиленд е задолжително!
  • Хабиленд пред се е наменет за деца до 12 години. Сите играчки може да ги користат и возрасни лица чија телесна тежина не надминува 98 кг.
  • Просторот издвоен за игра на најмалите е наменет само за деца до 3 години и за лицата кои ги придружуваат.
  • На возрасните лица кои не придружуваат деца не им е дозволен влез во Хабиленд.
  • Деца запoмнете – Играјте си безбедно!!! Спуштање низ тобоганот со нозете напред е поинтересно отколку обратно, а трчањето по тобоганот е многу опасно и затоа е забрането.
  • Ве молиме да не внесувате играчки во кафезот.
  • Поради безбедност, пред влезот во игротеката извадете го детскиот накит, беџови и сите видови предмети.
  • Исто така извадете ги од устата на децата и мастиките за џвакање.
  • Хабиленд, семејниот забавен центар, не е одговорен за сигурноста на Вашите деца или евентуални повреди до кои може да дојде при несигурна и неправилна употреба на опремата како и за повреди кои може да си ги нанаесат самите деца. Користењето на различните делови на семејниот забавен центар е на сопствена одговорност. Сигурноста на семејниот забавен центар е проверена и сертфицирана. За сигурноста гаранатира и производителот на играчките. Сите справи редовно ги проверуваме и одржуваме со цел константно да ги задоволиме највисоките безбедносни стандарди.
  • Хабиленд не е одговорен за губење на предмети, но на рецепција имаме мал оддел „загубено-најдено“.
  • Грижете се за сигурноста на помалите деца бидејќи во Хабиленд не е дозволена груба игра.
  • Во просторот за играње, задолжителни се чорапи како за децата така и за родителите.
  • Родители и деца, без грижа, ако заборавите чорапи можете да си купите на рецепција.
  • Родители, за да биде нашиот простор почист, а со тоа и посигурен за сите, ве молиме на влезот да ги покриете вашите обувки со заштитни навлаки.
  • Погодете што? Во просторијата за родендени и во угостителскиот дел имаме доволно простор за кафе или грицки/мезе па ве молиме да не внесувате храна или пијалок на деловите покриени со ќилим.
  • Не е дозволено внесување на храна и пијалок од надвор.
  • Персоналот на Хабиленд е особено горд на тоа што овозможува просторот да биде секогаш чист, дезинфициран и ароматизиран. На огласната табла покрај рецепцијата можете да се информирате за датумите на чистење, компаниите со кои соработуваме и средствата кои се користат се со цел да овозможиме што посигурен простор за играње. Исто така, Ве молиме да ни кажете ако истурите храна или пијалок.
  • Хабиленд го задржува правото да го замоли секој кој не се придржува на правилата на однесување да го напушти центарот.
  • Ве молиме посетата на Хабиленд да не биде организирана кога Вие или Вашето дете сте болни. Дојдете кога ќе бидете целосно оздравени, затоа што така на сите ќе им биде поудобно.
  • И на крајот – важно ни е Вашето мислење! Затоа, запишете го во Книгата на впечатоци и мислења која се наоѓа на рецепција или пишете на нашата e-mail адреса: habylandmk@yahoo.com
Haby
Најава
Корисничко име
Лозинка

Регистрирај се














Žirafa